Уапсени мажите кои наводно му се заканувале на Енди Мареј

Лондонската полиција информира дека засега се уапсени четворица мажи, осомничени дека со пиштол му се заканувале на британскиот тенисер Енди Мареј.

Според „Сан“, настанот со наводните закани кон Мареј се случил на 6. ноември, кога четворицата осомничени зачукале на прозорецот на автомобилот на Мареј, барајќи од него да им се потпише на тениски рекет. Откако, тениерот одбил да се потпише, тие се вратиле во своето возило, наведува „Сан“. Подоцна, полицијата добила пријава од случаен минувач дека еден од четворицата мажи носел пиштол во раката.

Во соопштението на Скотланд јард се наведува дека полициска патрола го запрела возилото со осомничените, но дека во автомобилот „не било пронајдено никакаво огнено оружје“.

- Возилото подоцна е запрено..., а четворицата мажи се уапсени под сомнеж за поседување на огнено оружје. Тие се одведени во притвор, но веќе следното утро се ослободени со кауција и имаат обврска да се јават во полиција кон крајот на јануари. Изврешен е претес на возилото, но огнено орује не е пронајдено, се нагласува во полициското соопштение

09.11.2013 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа