Ѕирнете што ве очекува на патиштата низ Македонија

Теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка, во периодот од 07.11.2013 до 11.11.2013 год. ќе се изведуваат од с. Текија до бензиската пумпа на Макпетрол кај с.Дељадровце (стационажа од км 27+388,43 до км 25+388,43).

Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.

На патниот правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Од 07.10.2013 започна изведба на градежни работи на патниот правец Велес - Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

09.11.2013 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега