Таткото на Дуле: Малку фалеше да ја треснам Љупка

Таткото на Дуле, Раде Љубисавлевиќ вели дека амлку фалело да ја удри сопругата на Дуле, Љупка која од раци и го грабнала признанието на сестрата на Пејачот, Марија, кое  и го додели општина Штип, пишува Вест

-Прво, сопругата на Дуле непокането дојде на пригодната седница на Штипскиот совет. Покана од Општината имав само јас, но решив признанието да го прими неговата сестра, која многу го сакаше и го почитуваше Дуле.  Дуле, исто така, најмногу од сите ја сакаше Марија. Кога видов дека сопругата и го зема признанието ми идеше да ја треснам.  Уште во ушите ми ѕуни нејзиниот одговор по телефон кога Дуле беше болен. И реков да оди да ги земе резултатите од болница, а таа арогантно ми одговори, „Јас не одам, тој нека си ги земе“, револтирано и со насолзени очи раскажува таткото на Дуле за Вест.

Изјавата на сопругата на Дуле, прочитајте ја на електронското издание на Вест

 

 

08.11.2013 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега