Кожув ја понижи Струмица

Во првиот натпревар од 6. коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија, вечерва во Гевгелија тимот на Кожув ја победи Струмица со убедливи 52 поени разлика. По четвртини 27:9; 21:10; 23:10 и 27:17. 
 
Другите три натпревари од оваа рунда ќе се одиграат утре. Вардар Апаве е домаќин на Лирија, Пелистер Спорт во Битола го пречекува Куманово, а Карпош Соколи е домаќин на Работнички.
 
Фени Индустри е слободен во овој круг и надвор од конкуренција ќе одигра дуел со Македонија Млади.
 
Табела: Лирија 4-0 (победи-порази), Работнички 4-0, Кожув 4-1, Куманово 3-1, Струмица 3-3, Вардар Апаве 2-3, Карпош Соколи 1-3, Фени Индустри 0-5 и Пелистер 0-5

08.11.2013 - 19:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа