Викендов сонце - од понеделник дожд

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло. Во утринските часови ќе има услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Во текот на денот ќе има и мала до умерена локална облачност.

Утринската температура ќе се движи од два до седум, во беровскиот регион ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

Во недела времето ќе биде претежно облачно, но суво. Температурата ќе биде без поголема промена. Од понеделник се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и позначителен пад на дневната температура. 

08.11.2013 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега