Турски пратеник: Света Софија треба да биде џамија!

 

 

Пратеникот на опозициската Партија на националистичката акција во Турција, Јусуф Халачоглу, поднесе предлог закон што предвидува храмот Света Софија во Истанбул, повторно да се пренамени во џамија.

Како Уставот од 1924 година, така и сегашниот Устав на Турција предвидуваат законите и одлуките задолжително да бидат одобрени од претседателот и објавени во службен весник,  за да влезат во правна сила, посочи пратеникот. Тој истакнува дека во случајот со Света Софија тоа не било направено и затоа одлуката е „нелегална“.

Инаку, пред да биде пренаменета во музеј, византиската црква Света Софија функционирала како џамија, а како музеј Света Софија ги отвари своите врати во 1935 година по наредба на таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк. 

08.11.2013 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа