Монструозно: Татко и маќеа убиле 10-годишно девојче

Во саботата во преградието на Атланта во контињер за ѓубре пронајдено е запалено тело. Ова тело припаѓа на 10- годишното девојче Емани Мос, таткото на Емани Мост и маќеата Тифани Мос се обвинети за убиство.  Сторителите на ова монструзоно убиство се во притвор,исто така ова не е прв пар маќеата да биде осудена за насилство.

Според информациите на полицијата, девојчето сакала да побегне од дома, а во училиште често одела со модрици. Аутопсијата утврдила дека телото е запалено по нејзината смрт, и дека девојчето пред нејзината смрт таа неколку дена била без јадење.

Емани на медицинската сестра во  училиштето кажала дека се плаши да оди дома со лоши оценки, бидејќи татко и и маќеата ќе ја повредат. Медицинската сестра ја приметила дека нејзиното тело е цело со модрици.

Откогаш маќеата Тифани била одведена во полиција, и таму таа се бранела дека и удрила на  Емани само три шлаканици, полицијата ја уапсила поради суровост спрема дете, и добила условна казна од пет години.

Мајката на Емани тврди дека не знаела  оти татко и ја малтретирал, инаку не би дозволила нејзиното дете да остане кај него.

Полицијата тврди дека девојчето било убиено уште од 30 октомври а најдено дури во саботата.

 

 

 

 

 

08.11.2013 - 16:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега