По раскинување со Родригез, Џенифер Лопез бара утеха во поранешниот сопруг
Џенифер Лопез не е сама додека се опоравува од разделбата со свршеникот Алекс Родригез.
51-годишната латино дива, која моменатлно го снима Shotgun Wedding во Доминиканската Република со Џош Духамел и Лени Кравиц, се потпира на еден од своите поранешни, според магазинот „Пипл“.
„Џенифер и Марк имаат одличен меѓусебен однос“, сподели извор за нејзината блиска врска со Марк Ентони, со кого беше во брак од 2004 до 2014 година.
„Убаво и пријатно е да го има покрај себе додека мора да работи во странство,“ вели истиот извор.
„На Џенифер ѝ оди добро. Таа сè уште снима во Доминиканската Република. Децата ја посетија и ја прават најсреќна.“
Џенифер и Марк ги делат близнаците Макс и Ема (13).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа