Поповолни оценките на раководители на деловните субјекти од областа трговија на мало
Раководителите на деловните субјекти оценија дека економската состојба на деловните субјекти во областа на трговијата на мало во третиот квартал од 2013 година е поповолна во однос на претходниот квартал и во однос на третото тримесечје лани.
Како што објави статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на третото тримесечје од 2013 година е намалена во однос на претходното тримесечје.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во третото тримесечје од 2013 година забележале зголемување во однос на претходното тримесечје.
Во третото тримесечје од 2013 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци е дека ќе се намалат. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на третото тримесечје од 2013 година имале слабата побарувачка на купувачите со 36,3 отсто, зголемена понуда на пазарот со 13,4 отсто и зголемена конкуренција со 12,8 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа