Сириската епидемија на детска парализа и се заканува и на Европа
Германските експерти предупредуваат дека треба да се внимава на епидемијата на детска парализа која се појави во Сирија, и дека не треба да се вакцинираат само сириските бегалци, туку и народите од Европа бидејќи оваа болест претставува голема закана.
Како што пренесува Би-Би-Си, детската парализа, или полио, се пренесува со контаминирана храна или вода, а Светската здравствена организација верува дека дошла од Пакистан. Оваа болест брзо се шири особено во нехигиенски услови, го напаѓа нервниот систем и може да предизвика и парализа за само неколку часа.
08.11.2013 - 15:51
Фото:
точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа