ФОТО: Министерот Димовски се сретна со италијанскиот амбасадор Белели

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Италија во Република Македонија Ернесто Масимино Белели.

- Италија која многу полага на земјоделството како еден од важните сектори во нејзината економија е заинтересирана за унапредување на бизнис релациите во земјоделско прехранбениот сектор во Република Македонија, а особено за директни инвестиции од страна на заинтересирани италијански фирми, истакнал амбасадорот Белели.

Министерот Димовски истакнал дека Република Македонија е отворена за соработка во земјоделско прехранбениот сектор, притоа ги појасни условите за инвестирање и издвои неколку аспекти од наш интерес како трансфер на современа технологија и знаење од Република Италија, инвестирање во примарно земјоделско производство и обработка на земјоделското земјиште, инвестиции за изградба на капацитети што ќе создадат  можности за нови вработувања. 

Тој го информирал министерот Димовски за можностите за настап на македонски фирми на саемот EXPO што ќе се одржи во Милано, Италија, во текот на 2015 година, во времетраење од шест месеци, каде учество имаат најавено над 133 земји, меѓу кои и земјите од регионот, кои ќе настапат заеднички во рамки на кластерско здружување. Овој настан се одржува на секои 5 години и претставува одлична можност за презентирање на земјата и нејзините потенцијали.

На крајот од состанокот министерот Димовски и амбасадорот Белели констатирале дека постои голем интерес во двете земји за унапредување на билатералната соработка во областа на земјоделството. 

08.11.2013 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега