ЕУ и Ештон не се заинтересирани да посредуваат во спорот со името

Европската унија и нејзината висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, нема и не сакаат да посредуваат за решавање на наметнатиот спор за името меѓу Макeдонија и Грција. Како што јавува МИА, и покрај заинтересираноста која ја покажаа Германија и други членки на Унијата, во Брисел немаат намера да се вмешаат директно со посредување за спорот со името меѓу Скопје и Атина.

- Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. А, тоа е дека ние го поддржуваме процесот за решавање на овој спор што се водат под покровителство на Обединетите нации и даваме поттик да се најде заеднички прифатливо решение со посредникот Метју Нимиц, вели во изјава за МИА Маја Коцијанчич, портпаролката на Ештон.

Инаку, во Брисел завчера се одржа 18-та рунда од преговорите меѓу српскито и косовскиот премиер Ивица Дачиќ, односно Хашим Тачи.

08.11.2013 - 14:01
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега