Расипаното месо од Германија завршило на Балканот

Како што пишува  германскиот неделник „Фокус“, дел ор расипаното месо од Германија завршило на пазарите во странство вклучувајќи и неколку земји од Балканот.

Земјоделците од Босна и Херцеговина изразија сомневање дека дел од тоа месо завршило и во Босна и Херцеговина, со оглед на тоа дека во земјата се увезуваат големи количества германско месо.

Германија ја потресе голем скандал, откако двајца работници на една компанија за производство на месо од Бад Бентајм открија дека сопственикот на компанијата на работиците им наредувал големи количества расипано месо да мешаат со здраво и да го продаваат и извезуваат како свеж производ.

Неделно се преработувале меѓу 50 и 100 тони расипано месо, а вкупната количина на смеса од здраво месо и расипано месо изнесувала 400 тони. 

- Обвинителите во покраината Долна Саксонија покренаа истрага против фабриката за преработка на месо, во која властите во јуни извршија тестирање, изјави вчера портпаролот на германското Министерство за заштита на потрошувачите.

Фабриката е осомничена за мешање на расипано месо со здраво, за ставање на лажни етикети и лажирање на декларациите за потеклото на месото

08.11.2013 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа