Случајот „Ореше" по четврти пат во велешкиот суд

Случајот за убиството кое се случи во велешкото село Ореше по четврти пат ќе се врати во судницата. Како што пренесе Канал 5, неофицијално, Апелациониот суд го вратил случајот на повторно судење во велешкиот суд.

За потсетување, за нарачаното убиство на Лазо Милошевски се обвинети браќата Љупчо и Ордан Георгиевски кои со првите пресуди добија 12 години затвор, но третата пресуда беше ослободителна. Сега, случајот е вратен на повторно судење во основниот суд во Велес.

08.11.2013 - 11:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа