Тачи: Ќе има нови економски проекти за северно Косово

 

Хашим Тачи во интервју за босанска државната телевизија БХТ1 изјави дека го поддржува формирањето на мултиетнички општини во Косово.

Тој најави и нови економски проекти за северниот дел на Косово, со цел, како што рече, да можат „луѓето што живеат таму да ги надминат проблемите, притисоците, уцените и стравот од некои лица, кои ја држат таа област како заложник“.

- Србија имаше територијални претензии за поделба на Косово и формирање на нешто како Република Српска, но сите обиди беа неуспешни. Сега (со Србија) го имаме Бриселскиот договор од 19 април. Косово е суверено, независно, со меѓународно призната територијална целовитост. Никој не може да претендира за промени на границите во регионот, посочи косовскиот премиер.

Запрашан дали Србија е подготвена да ја признае независноста на Косово, тој истакна дека е важно да се работи на нормализирање на односите, а „подоцна ќе биде и тоа“.

08.11.2013 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа