Здраствениот систем во Полска преоптоварен: Медицинскиот персонал прима инфузија и кислород за да ја издржи смената

Полскиот министер за здравство Адам Неџелски потврди дека здравствениот систем во земјата е преоптоварен и дека лекарите и медицинските сестри немаат пауза меѓу смените додека се борат против третиот бран на коронавирус.

Полскиот министер потврди околу 700 смртни случаи поврзани со коронавирусот денес, откако бројот на смртни случаи достигна нов рекорд од 954 во четвртокот, ишува „Ројтерс“.

Коментирајќи ги наводите дека медицинскиот персонал во болниците прима инфузија и кислород со цел да ја издржи напорната работа во услови на третиот бран на зараза, министерот во изјава за радиото „РМФ 24“ истакна дека состојбата е тешка и дека недостасуваат лекари и медицински сестри.

„Ова се сцени кои ја одразуваат тежината на оваа работа. Кога ја посетив привремената болница во Катовице, видов како лекари и медицински сестри спијат таму за да се одморат меѓу смените. Обемот на работа е голем, а тоа е резултат на недостиг на персонал “, рече Неџелски, наведува агенцијата.

„Ројтерс“ објави дека Полска минатата недела пријавила рекорден број нови случаи, околу 35.000 на ден, а во средата владата ги продолжи ограничувањата до 18 април, со што се затворени градинки, училишта, трговски центри, хотели, кина и театри.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега