Сенатот во САД усвои закон за поддршка на хомосексуалците

Сенатот на САД вчера усвои историски Предлог-закон кој на компаниите им забранува да вработуваат или отпуштаа лица  врз основа на нивната сексуална ориентација, н но пред да стапи во сили законскиот текст треба да биде усвоен и во Претставничкиот дом.

Критичарите на текстот се жалат дека оваа нормативна мерка претставува федерална интервенција на работното место, што работодавачите „ќе ги принуди да ги прекршат своите верски убедувања“ при одлуката кого да примат на работа. Неговите поддржувачи пак велат дека законот на луѓето ќе им дозволи да изберат да кажат што се без да стравуваат дека ќе ја загубат својата работа.

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама изрази задоволство од усвојувањето на Предлог-законот, нагласувајќи дека тој има за цел да стави крај на неправдата, некои Американците да добијат отказ од работа само затоа што се хомосексуалци, лезбејки, бисексуалци или трансексуалци.

За да стапи во сила, Предлог-законот треба да биде усвоен и во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците. Претседателот на Долниот дом на Конгресот, Џон Бојнер веќе се изјасни против оваа законодавна мерка, која, според него, им штети на фирмите. Засега Бојнер не го закажал датумот за гласање по текстот во Претставничкиот дом.

08.11.2013 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега