Барак Обама им се извини на граѓаните поради „Обамакер“

Барак Обама им се извини на милионите граѓани на САД кои останаа без здравствено осигурување во рамките на неговата реформа „Обамакер“.

Под притисок на медиумите, кои секојдневно известуваат за болни граѓани кои останале без здравствена заштита, но и од конгресмени од неговата Демократска партија кои се соочуваат со притисок на гласачите, Обама го понуди првото извинување поради „Обамакер“.Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, 

- Се извинувам што се најдовте во оваа ситуација, поради гаранциите кои јас ги дадов, изјави синоќа Обама во интервју за телевизијата Ен-Би-Си.

Точниот број на граѓани на САД кои трпат последици поради „Обамакер“ само се претпоставува, бидејќи на една од овие полиси можат да бидат осигурани и по неколку членови на едно семејство, а се стравува дека конечната бројка може да изнесува до 15 милиони Американци кои ќе останат без осигурување.

Обама вети дека овие граѓани ќе можат да купат ново осигурување преку интернет страницата која Министерството за здравство ја подготви специјално за оваа цел, но страницата се уште не може да профункционира, поради сериозните дефекти при изработката.

Во средата вечерта, во Белата куќа Обама се сретна со 15 демократски сенатори, кои потоа ја информираа јавноста дека инсистирале претседателот што е можно поскоро да го среди хаосот околу „Обамакер“. Некои од демократските сенатори стравуваат за својот реизбор на изборите во 2014 година, а најзагрозените од нив веќе поднесуваат предлози до Конгресот да се одложи спроведувањето на „Обамакер“, истото барање поради кое опозициската Републиканска партија го повторува веќе долго време и кое доведе до политичка криза и блокада на централната Влада на САД на почетокот на октомври.

- Ако претседателот искрено жали што лажно ги наведе американските граѓани, најмалку што може да стори во овој момент е да поведе двопартиски напор да се најде решение. Во спротивно, неговото извинување не вреди ништо, изјави не гласаше за „Обамакер“ кога таа беше изгласана, и партијата е посветена на целосно отфрлање на реформата, за која предупредуваат дека ќе доведе до државна контрола над здравството.

Обама и демократите ветуваа дека „Обамакер“ ќе им донесе здравствено осигурување на 30 милиони Американци, со што скоро целото население на САД ќе биде покриено, но засега резултатите се нагативни. Од некои од американските држави се уште доаѓаат комични бројки за бројот на ново-осигурани граѓани кои успеале да се пробијат преку блокадите на интернет страницата и да обезбедат осигурување. Така, во Делавер, држава со милион жители, само четворица досега успеале да се осигираат преку „Обамакер“

08.11.2013 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега