Масажа со „happy end“ во Македонија - проституција на интернет?

Интернет портал нуди разни видови на масажа меѓу кои не се далеку од класични, сексуални услуги. На страната на сајтот Софијана (не го линкуваме бидејќи содржи експлицитни фотографии) зад линкот на категоријата Хотлајн, доколку се јавите на телефинските броеви со скапи тарифи можете да си договорите масажа со „среќен крај“ што во превод би значело со оргазам. Можете да си нарачате и оргазмична еротска масажа, или комплет, што и да значи тоа.
Во Македонија проституцијата е забранета со закон, но јавна тајна е дека многу салони за масажа, токму за масирањето ја затскриваат вистинската проституција. Овој сајт гарантира опуштање и незаборавно искуство со како што велат нивните атрактивни масерки.

08.11.2013 - 00:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега