Зоран Божиновски уапсен во Србија

Зоран Божиновски вечерва е уапсен во Србија, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, тој пред малку бил приведен во Нови Сад. За информацијата телефонски било известено и македонското МВР. Од таму за Press24 ја потврдуваат информацијата и велат дека Божиновски е изведен пред надлежниот судија по што ќе следи официјална идентификација. Потоа, според процедурата МВР треба да добие и писмено известување и да ја започне процедурата за екстрадиција.
Зоран Божиновски во Македонија се бара како еден од осомничените во случајот Шипон

07.11.2013 - 23:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега