ВО ЖИВО: Кежаровски туку што тргна кон својот дом

Новинарот Кежаровски во овој момент го напушти Истражниот затвор во Скопје. Од капиите на „Шутка“ како што јавува репортерот на Press24 Од терен, Кежаровски излезе со полициска придружба. Според информациите тој ќе биде одведен дома, каде ќе биде во домашен притвор, се до правосилноста на пресудата.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при  Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлогот за укинување на мерката притвор определена против обвинетиот Томислав Кежаровски од Скопје поднесен преку неговиот бранител, со решение КОК-КР.бр.267/13 од 07.11.2013 година ја укина мерката притвор против обвинетиот Томислав Кежаровски и му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, сметано од 07.11.2013 година до правосилноста на пресудата КОК.бр.51/13 од 21.10.2013 година, односно до започнување со издржување на изречената казна затвор“ информираше денеска Судот.

Инаку, Кежаровски беше осуден за издавање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот со убиството во Ореше. Основниот суд го осуди на затворска казна од 4,5 години, по што одбраната поднесе жалба до Апелациониот суд.

07.11.2013 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега