Наполи обезбеди Лига на шампиони, Интер без настап во Европа

По одигрувањето на натпреварите од 36.коло во фудбалското првенство на Италија, екипата на Наполи го осигура своето место во Лигата на шампионите следната сезона, додека Интер ги загуби сите шанси за пласман во Лига Европа.

Наполи синоќа славеше победа на гостувањето кај Болоња со 3:0, додека Интер пред својата публика загуби од Лацио со 3:1.

На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Пескара - Милан 0:4, Торино - Џенова 0:0, Сиена - Фиорентина 0:1, Сампдорија - Катанија 1:1, Аталанта - Јувентус 0:1, Палермо - Удинезе 2:3 и Каљари - Парма 0:1.

Во вторникот Киево минимално со 1:0 ја совлада екипата на Рома.

Табела: Јувентус 86 бодови, Наполи 75, Милан 68, Фиорентина 64, Удинезе 60, Рома 58, Лацио 58.

најчитано сега