Хрватски амбасадор чува слика од Тито во својата резиденција

На централна позиција во собата за прием во хрватската Амбасада во Франција, амбасадорот Иво Голдштајн, имал поставно слика од поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито.

Како што пишува „Јутарњи лист“ оваа информација тие ја добиле од  изненаден жител на Париз по потекло од Хрватска.

Според амбасадорот Голдштајн фотографијата во собата за прием е случајност и оти тој планирал за дваесетина дена да ја подари на едно познато париско кафуле, кое го посетувал Тито.

Тито на сликата бил во воена униформа, а на дното со ситни букви на француски и англиски јазик е напишана неговата улога во антифашистичкото движење.Покрај неа на ѕидот имало и слики на амбасадорот со францускиот претседател Франсоа Оланд, и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

 Од хрватското Министерство за надворешни работи изјавиле дека не постои забрана околу тоа чија слика ќе биде поставена на полиците и во работните простории на амбасадорот.

07.11.2013 - 16:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега