Папата на средба со Путин

Како што соопшти Ватикан папата Франциско ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин на 25 ноември во Ватикан.

Односите на Ватикан со Русија се нарушени по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година. Русија ја обвинува Католичката црква дека се обидува да преземе верници од Руската православна црква, додека Ватикан негира.

 Ова ќе биде нивна прва средба по изборот на новиот папа, а Путин претходно имаше средби и со Бенедикт Шеснаесетти и Јован Павле Втори, а постои надеж дека е можна средба меѓу папата и рускиот патријарх.

07.11.2013 - 16:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега