Пуштени во употреба четири реконструирани улици во Куманово

Во пресрет на одбележувањето на Денот на ослободувањето на градот, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановсаки денеска ќе ги пушти во употреба четири реконструирани улици.

 Улицата „Благој Богдановски - Гуцман" во кумановската наслеба „Гоце Делчев" е во должина од илјада метри, а за нејзиното асфалтирање од буџетот на општината одвоени се 14 милиони и триста илјади денари.

Како што потенцира Дамјановски,улицата се градела петнаесет месеци, а работата ја изведуваше градежното претпријатие „Хуљуси“.

- Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило" во наредниот период ќе треба хортикултурно да ја уреди оваа сообраќајница,со нови садници и тревници, рече Дамјановски.

Исто така деенска во употреба  беше пуштена и улицата „Никола Михајловски-Брада“ во населбата „Зелен рид“, во должина од 313 метри, а инвестицијата е на општината во вредност од четири милиони денари.

Претходно за пуштањето во употреба на улицата "Жикица Јовановиќ Шпанац" општината одвои два милиони денари.Овој инфраструктурен објект, како што потенцира Дамјановски, го решава еднонасочниот сообраќај, кој што беше воведен пред две години.

-Се работи за улицата „Жикица Јоваковиќ Шпанац“ и „Доктор Рибар“ во должина 150 метри и тротоарно решение за пристап до зградите, бидејќи ова е густо населено место.Сметам дека со пуштање на оваа улица го решаваме деценискиот проблем во овој дел од градот, рече Дамјановски.

Надлежните ја пуштија во употреба и улицата „А-4“ во село Черкезе во должина од 380 метри, за која се одвоени шест милиони денари. Од општина Куманово информираат дека наскоро ќе се асфалтира улицата „Васа Пелагиќ“ во должина од триста метри каде веќе е поставена водоводна и канализациона мрежа и оти деновиве ќе се избере изведувач и ќе почнат градежните активности

07.11.2013 - 15:50
Фото: 
економски

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега