Нема вакцина во Белград без закажан термин

 

Директорот на Канцеларијата за Е-управа, Михаило Јовановиќ, ги повика граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани, пренесе „Танјуг“.

Јовановиќ потсети дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање стопанственици, а сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот за Е-управа, ќе бидат вакцинирани.

На порталот Е-управа, покрај српските државјани, странски државјани со и без престој во Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19, по што ќе добијат термин за вакцинација.

„Сите други треба да знаат дека, ако немаат закажано, нема да можат да се вакцинираат“, изјавил Јовановиќ за Танјуг.

Околу 7.500 стопанственици од економиите на регионот на Западен Балкан се пријавија за вакцинација викендов во Србија, што беше обезбедено преку регионалниот форум за инвестиции во соработка со Владата на Србија.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2021 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега