До октомври извршени 1.181 внатрешни контроли во МВР

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска по завршувањето на Четвртата регионална конференција на секторите за внатрешна контрола на полициите во регионот, изјави дека она што е најважно е системот на контрола да функционира. Јанкулоска додаде дека е евидентно зајакнувањето на капацитетот на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди, што значи, одбраниот модело е комбинација од внатрешна и надворешна контрола и покажува резултати.

- Но, во периодот што следува отворени сме за сугестии и препораки за подобро функционирање и зајакнување на системот на интегриртет и борба против криминалот и корупцијата и во сопствените редови, изјави Јанкулоска.

Таа информира дека во изминатиот период се направени суштински промени во начинот на функционирање на овој сектор и во методологијата  за работа, која значи јакнење  на капацитетот, но и примена на најдобрите европски практики за спроведување на контрола на работење на полициските службеници. 

Во 9 месеци од годинава, СВКПС има извршено проверки во 1.181 случаи, од кои 849 се предмети по претставки од граѓански и правни лица за неправилности извршени од вработени во МВР, а останатите се по добиени известувања, сознанија и друго. Секторот против 123 службени лица има изречено задолжителна мерка за поведување постапка за утврдување одговорност за гршење на работниот ред и дисциплина, од кои за тројца припданици на МВР е изречена мерка отстранување од работното место до завршување на постапката. За 204 лица е изречена мерка укажвуање, додека за 38 мерка покренување постапка за надоемст на штета.  СВКПС има поднесено и 9 кривични пријави против осуммина вработени во МВР и две непознати лица за сторени 10 кривични дела по разни основи „злоупотреба на службената положба и овластување3, „примање потпкуп“, „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“, „насилство“, „кражба“...

 

07.11.2013 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа