Ристовски додели стипендии на студентите од Технолошко- металуршкиот факултет

Доделени стипендии на студентите од прва година на  Технолошко- металуршкиот факултет. Студентите овие стипендии ги добиваат врз основа на меморандум  потпишан со Министреството за образование и наука, УКИМ и 23 компании од Македонија.

Ристовски на денешното доделување истакна дека оваа година се доделуваат 25 стипендии од министерството, 45 од компаниите и 10 стипендии од УКИМ за студенти што стидираат на Технолошко-металуршкиот факултет.

- Студентите кои својата перспектива одлучиле да ја развиваат во рамките на техничките струки, кои се исклучително дефицитарни на пазарот на труд, се струки кои во најголем процент обезбедуваат сигурна работа по  дипломирањето на студентите во компаниите, рече  Ристовски.

Тој додаде дека овие понудени можности придонеле  бројот на студенти на овој факултет во последните две години да се зголеми за 100 отсто.

Министерот по образование се заблагодари на компаниите кои ги доделуваат стипендиите и посочи дека тоа се општествено одговорни компании кои што на најправилен начин продуцираат кадар кој потоа го вклучуваат во рамки на сопствените редовни работни процеси.

Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет Александар Димитров посочи дека  стипендииte се од огромно значење за факултетот, бидејќи се зголемува интересот за него.

- Бројот на студенти што се запишаа оваа година е зголемен во однос на минатата и не само тоа, речиси 70 проценти од запишаните студенти се со одличен успех, истакна Димитров.

Појасни дека со стипендиите на студентите им е обезбедена и практична обука, а во четврта година од студирањето ќе им биде дозволено дипломскиот труд да го изработат во компаниите.

07.11.2013 - 15:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега