Груевски: Со огласот за економски промотори бараме квалитет

Премиерот Никола Груевски денеска во рамки на поставувањето камен-темелник на ПЕТ-Центарот во Скопје, истакна дека интересот за економски промотори на Македонија е голем по објавениот оглас од страна на македонската Влада.

голем.

-Потребно е да се чуе стручна презентација за она што Македонија сака да го презентира. Во новиот оглас се бараат економски промотори во девет земји, за различни градови. Македонија е мала земја и ни треба промоција на производите кои ги нудиме, потенцира Груевски.

Прмеиерот додава и дека целта на огласот не е да да привлече квантитет, туку квалитет.

07.11.2013 - 14:08
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега