Бесплатни курсеви по англиски јазик во градот на Конзулите

Објавен е јавен конкурс за бесплатен курс за компјутери и почетен курс за изучување на англиски јазик за  за самохрани родители и лица со ниски примања во општина Битола.

 Почетниот курс за работа со компјутери ќе се одвива во период од 40 наставни часови, додека пак курсот за изучување на англиски јазик ќе трае 50 часа.

- Наставата ќе се одвива според принципот еден слушател-еден компјутер и за секој слушател ќе биде обезбеден прирачник и учебник за непречено следење на предавањата. По завршувањето на наставниот процес, за слушателите ќе биде извршено тестирање, а за успешно завршен курс ќе биде доделен сертификат, истакна Цветанка Ристевска, советник за односи со јавност во општина Битола.

Пријавувањето на сите заинтересирани кандидати ќе се врши најдоцна до 15 ноември, посочуваат од општина Битола.

07.11.2013 - 13:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега