Груевски: ПЕТ-Центарот - ново поглавје во медицинската дијагностика во државата

 

Во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ денеска беше поставен камен-темелник за изградба на Центар за позитронска емисиона томографија - ПЕТ-Центар.

На поставувањето камен-темелник присуствуваше и претседателот на македонската Влада Никола Груевски кој истакна дека ПЕТ-Центарот ќе отвори ново поглавје во медицинската дијагностика во државата.

 - Позитронската емисиона томографија претставува последен дострел на медицинската наука во обидот да се добие што попрецизно прикажување на функционалните промени во ткивата на човекот, како основа за навремено откривање на многу болести, давање прецизна дијагноза, ефикасна терапија и следење на болните. Во овој Центар ќе биде вградена најсовремена опрема каква што ретко се наоѓа во јавните здравствени установи на Балканот и во ЈИЕ, посочи премиерот Груевски.

 Паралелно со изградбата на Центарот ќе се врши и едукација на комплетен медицински и инженерски кадар од Македонија во медицинските центри низ Европа каде веќе постои примена на Позитронска емисиона томографија. 

 - Со оваа динамика очекуваме во 2015 година ПЕТ-Центарот веќе активно да функционира и да ги даде своите први услуги на граѓаните. Инвестицијата во опрема и апарати за овој ПЕТ-Центар е во рамки на големиот проект на Владата за опремување на македонските здравствени установи со најнова медицинска опрема во вредност од околу 100 милиони евра, додаде премиерот Груевски на поставувањето камен-темелник.

07.11.2013 - 13:42
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега