Средба Џафери-Ѓуришиќ: Македонија и Црна Гора имаат одлична и плодна соработка

Министерот за одбрана Талат Џафери денеска заедно со делегација од Министерството за одбрана замина во работна посета на Црна Гора. Министерот Џафери оствари средба со својата црногорскиа колешка Пејановиќ-Ѓуришиќ на која било констатирано дека Македонија и Црна Гора имаат одлична и плодна соработка во одбраната и безбедноста која е од корист на двете држави.

 Министерката Пејановиќ-Ѓуришиќ, на средбата, изрази подготвеност за споделување на искуства во однос на обуката за нуркање, како и подготвеност за соработка и споделување на научени лекции помеѓу двете школи за обука на пилоти.

 

Министерот Џафери во рамки на средбата истакна дека Република Македонија целосно ја поддржува Црна Гора на нејзиниот пат за евроатлантска интеграција. На средбите било посочено и дека сите земји мора да работат и на регионалната соработка која претставува носечки елемент на развојот на овој дел од Европа. Во тој контекст, министерот Џафери изрази подготвеност и даде отворена понуда за користење на регионалните центри во Република Македонија, како армискиот полигон „Криволак“, Регионалниот центар за односи со јавноста за кој беше пројавен голем интерес, како и Военомедицинскиот центар.

 

07.11.2013 - 12:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега