Голема полициска потрага во Охрид

Полицијата крстосува по Охридското Езеро во потрага по тројцата унгарски туисти кои со кајчиња најверојатно влегле во Охридското Езеро. Чуварот на автокампот Градиште пријавил дека тројцата Унгарци се уште не си го зеле автомобилот, а дека на него ги нема трите кајаци, кои биле врзани на покривот кога тие дошле во кампот. Се проверува Охридското Езеро за да се исклучи можноста дека им се случила несреќа на вода.
Од полицијата потврдуваат дека интензивно се трага по туристите но до овој момент, од нив нема ниту трага ниту глас.

најчитано сега