НСЕИ не гласаше за предлог заклучоците за извештајот на ЕК

Националниот совет за евроинтеграции на седницата посветена на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, не гласаше по предлог-заклучоците.

На предлог од претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шекеринска, работата на НСЕИ ќе продолжи за време на паузата на денешната собраниска седница

Во Предлог-заклучоците на НСЕИ се вели дека ова тело ја поздравува петтата по ред препорака на ЕК за почеток на пристапните преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, се поздравува силната посветеност и активен ангажман на ЕК во процесот на пристапување на земјава во ЕУ, а меѓу другото се посочува и дека донесувањето одлука да се отворат пристапните преговори ќе претставува придобивка за натамошно зајакнување и одржливост на реформите за зајакнување на меѓуетничките односи, како и за веродостојната на европската перспектива на Македонија. Меѓу Предлог-заклучоците се и препораките на Советот до надлежните субјекти во државата одговорно и критички да ги анализираат забелешките во извештајот и да преземат мерки и активности за надминување на слабостите нотирани особено во заклучоците и препораките од стратегијата за проширување и главните предизвици 2013-2014. Заклучоците на НСЕ треба да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието.

07.11.2013 - 12:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега