Екс градоначалник на Пехчево ја оштетил општината за над 4 милиони денари

Поранешен градоначалник на општината Пехчево си заработи кривична поради злоупотреба на службената положба.

Според информациите од полицијата, 52-годишниот  Ј.С.  поранешен градоначалник на општина Пехчево во текот на минатата година,  во 18 случаи од повеќе правни лица извршил набавка на разни стоки и услуги (телекомункациски услуги, нафта и нафтени деривати, угостителски услуги, рекламирање, хортикултурно уредување, компјутери и компјутерска опрема), без да спроведе постапка за јавни набавки.

Поранешниот градоначалник на овој начин им овозможил на фирмите да се стекнат со 4.339.940 денари, на штета на општината.

07.11.2013 - 12:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега