Го прегазила со автомобил зошто не и купил хамбургер

Оваа приказна се случила во Тенесе а деновиве е вистински Интернет хит. 41- годишниот Сантијаго Хернандез заврши во болница со тешки повреди на грбот и раката бидејќи не сакал да застане во МекДоналдс за да јаде неговата девојка. Таа бесна поради тоа што тој не застанал три пати во него удрила со автомобилот.

Хернандез и неговата  33- годишна девојка Кристл Грир Брукс целиот ден го минале опивајќи се по ноќните клубови , а околу полноќ заклучиле дека им е доста алкохол и тргнале дома. Кристл за пат накај дома огладнела и посакала да оди во МекДоналдс  да јаде хамбургер. Но нејзиното момче не  сакало да и ја исполни желбата . Кристл го замолила Хернандез да застане бидејќи таа сакала да вози, момчето застанал а таа седнала позади воланот и возела директно во Хернандез.

Кристл заврши во притвор, а полицијата Хернандез го прогласила за жртва на семејно насилство, и поради негова безбедност сместен е во куќата на негов пријател. 

07.11.2013 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа