За сите љубители на кафето - еве во кое време најдобро е да се пие

Кога е најдоброто време за утрински кофеински „удар“? Според Стефан Милер, студент на докторски студии на подрачјето на неврологијата, најдобро време за пиење кафе наутро е меѓу 9:30 и 11:30 часот.

 Стефан Милер на својот блог NeuroscienceDC објаснува дека правилното темпирање на пиење кафе спречува развивање на толеранција на тој глобално популарен пијалак.

Ако сакате да испиете кафе и попладне, тогаш најдобро е тоа да го направите меѓу 17:30 и 18:30 часот, истакнува Милер на својот блог.

Всушност се работи за погодување на најдоборото време во рамките на вашиот биолошки часовник кој е регулиран од хипоталамичкото јадро, кое регулира и други телесни функции.  Наведените јадра го контролираат циклусот за спиење и неспиење, хранење и трошење на енергијата во телото, хомеостазата на шеќерот на тие хормони, од кои за будност е релевантен кортизолот (често наречен и хормон на стресот).

Заклучок е дека кафето треба да го одбегнувате кога нивото на кортизол во крвта е најголемо во текот на денот, а највисок е меѓу 8 и 9 часот наутро, нагласува Милер

07.11.2013 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа