ВИДЕО: Најстарите проститутки во Холандија заминуваат во пензија

70-годишните близначки Луис и Мартин од Холандија кариерата ја започнале во  60-години од минатиот век. Откогаш како што велат тие многу нешта се смениле.

Луис е мајка на две деца вели дека артитис и пречи во работатат и дека некои пози биле болни за неа. Мартин е мајка на три деца таа вели дека на овие години тешко и е да додјде до нови муштерии. Сепак и двете сеуште имаат свои постојани клинетии кои еднаш неделно ги посетуваат на садо-мазо сесии.

- На некои клиенти едноставно не можам да им објаснам дека повеќе на работам. Некои од нив се навикнаа на мене како на одење в црква во неделите – вели Мартин.

За двете близначки е снимен документарец  „Meet the Fokkens“ но тие исто така го  привлекоа вниманието на јавноста и со книгата за нивното педесетгодишно искуство, наречена „Амстердамски дами“.

Тие со проституцијата се занимаваат уште од 20 годишна возраст за да станат финасиски независни.

- Се е сменето. Ние покрај прозорците седевме облечени. Девојките сега седат голи. Тие, дури и не се Холанѓанки, туку девојки од источна Европа. Легализирањето на проституцијата не го подобри животот на проститутките. Новиот закон е добар само за  макроите – објаснува Луис.

 

07.11.2013 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега