Во Кичево ќе никне фабрика за производство на биогас

 

Фатмир Дехари денеска ја издаде првата дозвола за градба на фабрика за производство на биогас во Кичево.

Фабриката ќе се гради во индустриската зона „Иванидол“, а на почетокот ќе бидат вработени 15 луѓе. Инвеститорот е кичевчанец на привремена работа во Швајцарија, кој ќе го гради овој објект од енергетскиот сектор во вредност од над еден милон евра.

- Оваа инвестиција е плод на нашето залагање и интензивно лобирање во претходниот период. Се надевам дека уште многу инвестици ќе има во иднина, рече Дехари. 

07.11.2013 - 11:18
Фото: 
Кичево.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега