Осло: Се урна мост во изградба - две лица затрупани

 

Две лица денеска се затрупани, а петмина повредени кога се урна мост во изградба во централниот норвешки град Трондхајм, соопшти полицијата.

Спасувачките екипи трагаат по еден работник на градилиште и по возачот на возилото кое поминувало под мостот во моментот кога се урнал, но се претпоставува дека и двајцата се настрадани, бидејќи врз нив се урнала голема количина тежок материјал.

Шефот на спасувачката операција Андерс Банг Даниелсен рече дека би било „вистинско чудо“ кога исчезнатите лица би биле пронајдени живи.

Напорите на спасувачките екипи ги отежнува и тоа што свежиот цемент користен во изградба почнал да се стврднува.

Компанијата одговорна за ова градилиште соопшти дека попуштиле калапите за бетон кои се користеле во изградба на мостот.

најчитано сега