Контроверзната Лејди Гага ќе пее во Вселената

Контроверзната Лејди Гага планира да полета со „Вирџин Галактик“ во Вселената, и да учествува на фестивалот Zero G Colony.

Zero G Colony е фестивал за забава кој ќе се одржи во вселенскиот космодром во Америка, прв конерцијален вселенски центар, кој е изграден во Ново Мексико.

За овој настап Гага ќе мора многу да вежба, за да го усогласи гласот со специфичната атмосфера.

 Извор за US Weekly, изјавил дека таа ќе изведе настап, каков што досега не видел светот, а за секој случај, отворила и полиса за животно осигурување.

07.11.2013 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа