Воз усмрти жена во Ѓорче Петров

Трагедија во скопската населба Ѓорче Петров. Синоќа жена го загубила животот откако на неа налетал воз и ја прегазил.

Според податоците од полицијата, несреќата се случила околу 7 часот кога возот кој сообраќал на релација Кичево-Скопје удрил во помлада жена која за жал починала на местото на настанот.

Се претпоставува дека се работи за самоубиство. Телото на починатата е предадено на обдукција.

07.11.2013 - 10:18
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа