Полициска рација во поранешната зграда на ЕРТ

Грчката полиција  рано изутрина упадна во зградата на поранешната државна телевизија ЕРТ и од неа протера над десетици демонстранти кои се наоѓаат уште  од јуни кога Владата реши да го укине овој јавен сервис, соопштија надлежните органи

При упадот  дошло до судир меѓу полицајците и дел од демонстрантите кои се забарикадирале во еден дел од зградата и го блокирале нејзиниот влез.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите и уапси двајца поранешни работници на телевизијата и двајца членови на синдикатот, поради спротивставување на наредба на полицијата.

Претставникот на вработените во ЕРТ, Никос Цимбидас, изјави дека е уапсен и појасни дека полицијата влегла во сите простории на зградата и од таму избркала околу 200 лица, кои протестирале против полициската акција.

Пред зградата на ЕРТ, што се наоѓа во северното предградие на Атина, Агија Параскева, почнаа да се собираат граѓани во знак на поддршка на вработените во оваа телевизија.

 

07.11.2013 - 09:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега