Николиќ: Се надевам дека ЕУ нема да не спречи поради Албанците

 

Српскиот претседател Томислав Николиќ изрази синоќа надеж дека Европската унија нема да ја спречи Србија на патот кон европските интеграции само поради тоа што Албанците на Косово бараат држава. Тој додаде дека по разговорите на тимовите за имплементација на бриселската спогодба, очекува нови политички напади од странство. 

- Доколку до тоа дојде Србија ќе има многу маки, а доколку до тоа не дојде се ќе биде полесно, рече Николиќ, кој не ја исклучи можноста Србија да ја загуби шансата да добие датум за почеток на преговори, бидејќи „Приштина и поединци од ЕУ го толкуваат бриселскиот договор, како што нив им одговара“. 

Николиќ за РТС истакна дека Србија сторила се за да добие датум, но дека поради инсистирањето на Албанците спогодбата меѓу Белград и Приштина да се толкува на нивни начин, треба да се види дали ќе ја загуби можноста за добивање датум. 

Според него време е луѓето, кои ја водат ЕУ да станат посериозни и отворено да кажат што сакаат. 

најчитано сега