Бакрачевски посети неколку охридски претпријатија

 

Градоначалникот на Охрид денеска ги посети охридските јавни претпријатија во рамки на локалната самоупарава.

Посетата била со цел лично да се запознае со работната дисциплина во претпријатијата, како и да изврши увид во работењето на службите.

 Тој потенцира дека јавните претпријатија треба да работат во служба на граѓаните и постојано да водат грижа за подобрување на квалитетот на услугите доколку тоа не биде така ќе следуваат казни.

Директорите на овие препријатија го запознале градоначалникот со нивните актуелни состојби во кои се наоѓаат претпријатијата, за долговите што ги имаат, плановите за нивна санација, како и за планирани и проекти чија што реализација е во тек.

 

06.11.2013 - 15:58
Фото: 
Сител

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа