Вработените во Колска во понеделник се враќаат на работа

Вработените во велешка Колска од понеделник ќе се вратат на работните места, информираше денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

- Имавме состанок со директорот на Колска и со акционерското дрштво Транспорт. Се работи за еден период каде што треба да се надминат технички проблеми. Од понеделник вработените во Колска ќе добијат работа, односно еден до два патнички вагони и неколку товарни вагони каде без проблем ќе се одвиваат тековните работи, рече Јанакиески.

 

Посочи дека целта е да се продаде Колска на стратешки инвеститор за што веќе е завршен процесот на конверзија на долговите кон државата и се прави проценка на нејзината вредност како и дека е вратено земјиштето во нејзина сопственост.

 

06.11.2013 - 15:15
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега