„Меркел одеднаш се интерсира за Скопје“ - Грците вознемирени од средбата со Нимиц

 

Грците се вознемирени поради средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со медијаторот во спорот за името Метју Нимиц. За ова денеска пишува грчкиот весник „Реал“, потенцирајќи дека ниту македонската ниту грчката страна не биле информирани за оваа средба.

Дипломатски извори за весникот не ја криеле својата вознемиреност поради средбата, „особено со оглед на тоа што неколку дена претходно во Њујорк се одржаа неплодни разговори“ меѓу Нимиц и амбасадорите Јолевски и Василакис.

Останатите грчки медиуми го пренесоа соопштението на германската Влада за средбата Меркел-Нимиц, без коментари со наслов „Меркел одеднаш се интерсира за Скопје“, „Меркел ги поддржува напорите на Нимиц“, „Германија се интересира за прашањето за името на Скопје“ ...

06.11.2013 - 14:04
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа