Јанакиески го означи почетокот на санацијата на мостовите на Коридорот 10

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го означи стартот на третата фаза од проектот „Санација и зајакнување на мостови на Коридор 10“.

- Во следниот период ќе бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес – Катланово од Коридорот 10 во вредност од околу 8,6 милиони евра. Активностите од оваа фаза ќе завршат најдоцна до септември 2015 година, рече Јанакиески и го оцени проектот како посебно значаен за безбедноста во патувањето.

Тој им се заблагодари на службите на НАТО за одвоените средства за реализација на овој значаен проект и за нивната поддршка на Македонија да ги оствари своите стратешки цели и приоритети.

06.11.2013 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа