И ветила дека ќе биде балерина - завршила како проститутка во тетовски локал

Кумановчанката К.И. од селото Лојане си заработи кривична пријава бидејки криумчарела мигранти.

Младата кумановчанка и ветила на 23-годишната косовскадржавјанка Б.М. која била без патна исправа, дека заедно со уште четири лица од Албанија и Македонија ќе и најде работа и таа ќе може илегално да престојува во Македонија.  Б.М. била прифатена и сместена во стан во Тетово, а и било ветено дека ќе работи како балерина и пејачка во угостителски објект во Тетово.

Пријавената освен што не го исполнила ветеното, исто така и ја присилила косовската државјанка да  консумира наркотична дрога и алкохол и да остварува контакти со гостите.

Девојката успеала преку мобилен да го пријави случајот во полиција.

06.11.2013 - 13:34
Фото: 
радиофортуна

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега