Си работеле без дозвола - затворени спортски обложувалници во Струшко

При редовните контроли на УЈП во  три спортски обложувалници во струшките села Велешта и Радолишта биле откриени пропусти и неправилности во работата. 

Во рамки на вчерашната акција се одземени телевизори, компјутери, печатачи, уплатни ливчиња и други технички помагала во три спортски обложувалници кои извршувале дејност без соодветна лиценца.

Одземените предмети, се дадени во надлежност на Управата за јавни приходи, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

06.11.2013 - 12:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега